СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Од модел до извршен директор на мултимилионска компанија

Наташа Оукли ја започна својата претприемничка кариера веднаш по средното училиште, кога започна да води своја компанија во Австралија, Лос Анџелес и Хаваи.

“Во времето кога одлучував дали да одам на колеџ, основав своја компанија за видео и фото кампањи за американски и австралиски брендови“, вели Оукли.

Визуелно ориентираниот бизнис произведуваше содржини за разни брендови и поединци, главно во врска со нови колекции, свадби и реклами, објаснува таа за Business Insider.

Израснала со родители од кои го наследила претприемничкиот дух – нејзината мајка поседувала агенција за недвижнини, а нејзиниот татко бил приватен детектив, што влијаело да биде амбициозна уште од најрана возраст.
“Тоа е нешто што не се учи на час“, вели Наташа.

Денес, таа може да се пофали дека има над два милиони следбеници на Instagram и заедно со ко-основачот Девин Бругман, ја води компанијата Monday Swimwear, којашто за помалку од една деценија премина од заем од 30.000 долари во бренд од повеќе милиони долари.

Големиот пресврт во нејзината кариера беше во 2012 година, а тоа беше блог, наречен A Bikini А Day и таа година се запозна со Бругман, сега најдобра пријателка и деловна партнерка.

Оукли вели дека блогот за костими за капење е “мал, но растечки бизнис, совршена почетна точка за нив две“.

“Нашите фотографски вештини се она што нè издвои на Instagram. Произведувавме професионални материјали и веднаш имавме интерес за брендови за облека за пливање, бидејќи тоа беше ретко. Instagram беше повеќе социјална отколку деловна платформа во тоа време“, објаснува Оукли.

“Работејќи во различни области ми помогна да разберам што сакам да направам. Колку повеќе работи пробувате, толку е поголема шансата да најдете нешто што сакате“, е советот кој Оукли го испраќа до претприемачите.

Поврзани вести

Проектот на Huawei за 5G приватна мрежа ја освои наградата за развој на пазарот во 2021

Влатко Зорба

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија

msp-admin

Црна Гора воведува значки за вакцинирани угостители?

Влатко Зорба