СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Одговор по реакција на одлука за измена и дополнување на статутот на Жито Лукс АД Скопје

Компанијата Жито Лукс, работи на македонскиот и странските пазари под целосното име: Друштво за производство на мелнички, пекарски и слаткарски производи, промет на големо и мало и увоз-извоз ЖИТО ЛУКС АД Скопје.

Со цел за усогласување со скратениот назив на компанијата на македонски јазик, кој гласи Жито Лукс АД Скопје и е непроменет од 1991 година, кога компанијата беше во државна сопственост, сега е направено унифицирање на називот на латиница, односно направена е негова транскрипција, препис од кирилица. Со овој препис од кирилица на латиница, името на компанијата е непроменето и соодветно гласи Жито Лукс АД Скопје, односно Zito Luks AD Skopje.

Станува збор за правно усогласување за потребите во правниот промет со странство. Ова унифицирање е извршено во интерниот статут на компанијата.

Како компанија, Жито Лукс е во земјава изминатите 74 години, работејќи деноноќно за да обезбеди производи со највисок квалитет за нашите ценети потрошувачи и ќе продолжи да го прави тоа.

Поврзани вести

Microsoft инвестира повеќе од 2 милијарди долари во стартап за автономни автомобили

Влатко Зорба

Обединетите Арапски Емирати стануваат членки на ЕБОР

Влатко Зорба

Најбогатите во светот изгубија 139 милијарди долари за само еден ден

msp-admin