СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ОКТА: Позитивни оперативни резултати и ефикасно управување со залихите во значително влошени услови на пазарот на горива

Долготрајните ефекти од сè уште актуелната криза предизвикана од COVID–19, што доведе до значително намалување на глобалните економски активности во последните неколку месеци, продолжија да ги ставаат на предизвик сите сегменти во деловниот свет, не исклучувајќи ја ниту нафтената индустрија. Мерките за ограничување на прекуграничното движење, наметнати како одговор на проширувањето на COVID-19, предизвикаа намалување на побарувачката на гориво. Ова особено се однесува на транзитот на туристи, кој претходните години го достигнуваше сезонскиот врв во третиот квартал, целосно исчезна додека во исто време авионскиот сектор беше сериозно погоден преку значителен пад на воздушниот сообраќај.

ОКТА успешно се справи со предизвиците со кои се соочи во услови на несигурно пазарно опкружување кое постојано се развива, потпирајќи се на позитивните резултати од воспоставената стратегија. При тоа компанијата продолжи да одржува строги здравствени и безбедносни стандарди, во исто време осигурувајќи услугата кон потрошувачите да се одвива непречено. Внимателниот финансиски менаџмент и ефективните мерки за контрола на трошоците во сите деловни сегменти, ѝ овозможија на ОКТА постепено да ги неутрализира ефектите од притисоците врз маржата.

Како резултат на тоа, ОКТА го започна третиот квартал од 2020 година со значително зголемена профитабилност, главно водена од проактивното управување со контролата на трошоци, поддржано од позитивните ефекти од добиените тендери за снабдување на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, како и постигнувањето подобрена оперативна ефикасност.

Клучни резултати во третиот квартал и во првите девет месеци од 2020 година

• Прилагодената ЕБИТДА достигна 253 милиони денари, значително надминувајќи ја сумата од 192 милиони денари генерирана во истиот период минатата година, како резултат на претпазливото управување со залихите што овозможи непрекинато снабдување на потрошувачите во период со голем број неизвесности, како и добиените тендери за снабдување на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, заедно со позитивниот ефект од континуираната оптимизација на индиректните трошоци.

• На кумулативно ниво, ЕБИТДА има сличен тренд, достигнувајќи 507 милиони денари, значително надминувајќи 350 милиони денари, колку што беа генерирани во првите девет месеци од 2019 година, како резултат на претходно образложените причини.

• Приходите од продажба за деветте месеци од 2020 година изнесуваат 11.472 милиони денари, заостанувајќи зад 20.294 милиони денари остварени истиот период минатата година што е последица на намалената побарувачка и падот на меѓународните цени на горивото.

• Бруто маржата за првите девет месеци од 2020 година следи аналоген тренд и изнесува 534 милион денари што е помалку во однос на 763 милиони денари за истиот период минатата година, како негативна последица од големиот пад на меѓународните цени на горивата во првите четири месеци од 2020 година.

• Добивката пред оданочување достигна 306 милиони денари, значително надминувајќи ги 149 милиони денари од истиот период минатата година. Благодарение на позитивниот ефект од продажбите во Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, надоместокот за складирање кој произлегува од зголемените државни резерви складирани во капацитетите на компанијата, како и остварената подобрена оперативна ефикасност, дополнета од нагорниот тренд на меѓународните цени на горивото придонесе за позитивен ефект од 11,771 милион денари.

• На кумулативно ниво, добивката пред оданочување забележа целосно опоравување од негативното ниво генерирано во првата половина од годината, достигнувајќи 79 милиони денари, што значително ја намали разликата во однос на 187 милиони денари од истиот период минатата година; искористувајќи го позитивниот ефект од нагорниот тренд на меѓународните цени на горивото во текот на третиот квартал од 2020 година, заедно со претходно споменатата продажба во Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, надоместокот за чување на државните резерви и постигнатата засилена оперативна ефикасност.

Стабилната почетна состојба на парични средства на ОКТА, ѝ овозможи на компанијата успешно да ги ублажи негативните ефекти врз готовинските текови, кои произлегоа како последица на COVID–19 кризата, што во исто време ѝ овозможи на компанијата да преземе комерцијални активности и да ја поддржи сопствената стратегија без да искористи какви било кредитни линии.

Во 2019 година, Царинската управа на Република Северна Македонија спроведе контрола во ОКТА поврзана со акцизите за увоз на еуродизел во периодот од 2014 до 2018 година. Според нивното мислење, акцизите за овие увози не биле правилно пресметани, по што донесоа решенија за фискалната 2014 година, со кои се наметна дополнителен износ во висина од 23 милиони денари, кој беше платен во 2020 година.

Во текот на 2019 година, компанијата поднесе тужби, поведувајќи управни спорови за целосно поништување на овие решенија заради суштински прекршувања на процедуралните правила од страна на царинските власти и нивни пропусти при целосното и правилно утврдување на фактите за случајот, како и за правилното применување на релевантните закони.

Во третиот квартал од 2020 година, Царинската управа донесе нови решенија за фискалната 2015 – 2016 година, наметнувајќи дополнителен износ во висина од 172.2 милиони денари. Компанијата поднесе тужби со барање за целосно поништување, од веќе споменатите причини. Компанијата очекува дека случајот ќе има позитивен исход, по целосното завршување на правните процеси.

ОКТА како долгогодишен партнер на локалната заедница, донираше 30 лаптоп компјутери и 10.000 заштитни маски, со цел да се помогне непреченото одвивање на наставата во основните училишта на територијата на Општина Илинден во услови на пандемија. Во месец август беше потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ согласно кој ОКТА четврта година по ред ќе додели стипендии за постдипломски студии на најталентираните студенти. Во текот на третиот квартал, во функција беше ставена и четврта фотоволтаична централа на ОКТА, инсталирана на покривот на Меѓународното училиште НОВА, како дел од стратегијата на компанијата за континуирано проширување на своите капацитети и учеството на пазарот на обновливи извори на енергија.

ОКТА како еден од темелите на економијата, останува посветена на фер и транспарентна соработка со сите партнери, добавувачи и клиенти, со цел да се обезбеди редовно и непречено снабдување со висококвалитетни горива на домашниот и на соседните пазари, истовремено продолжувајќи да расте и да придонесува за заедницата.

Поврзани вести

Bosch и Microsoft ќе прават платформа за автомобили

Влатко Зорба

Најголемиот хеџ-фонд во светот ставил облог дека ќе има нова светска економска криза

msp-admin

Turkish Airlines прокнижи загуба од 315,9 милиони долари за три месеци

msp-admin