СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Организирана втора крводарителна акција на МБУ – над 50 студенти и вработени даруваа крв

Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) во соработка со Црвен Крст на Република Северна Македонија во рамките на Кампусот на Универзитетот организираше втора крводарителна акција во која се вклучија над 50 студенти и вработени на МБУ кои даруваа крв и на тој начин придонесоа за спасување на животи на луѓе кои имаат потреба од драгоцената течност.

Првата крводарителна акција МБУ ја организираше во декември минатата година во која исто така педесетина лица даруваа крв. Токму поради исклучителната успешност на оваа акција, на годишното собрание на Црвен Крст кое се одржа минатиот месец, Универзитетот беше награден како институција со највисоки резултати во крводарителството за 2018 година.

Меѓународниот Балкански Универзитет во рамките на своите активности има организирано и други хуманитарни акции, како собирање донации за сиромашни лица, донации за итни операции, собирање зимска облека и обувки и друго, кои се во насока на реализирање на определбите на МБУ да биде општествено најодговорна високообразовна институција во Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Кои се тројцата претставници на серијата Huawei P40 што ќе се продаваат во земјава?

msp-admin

Кои акции доминираа на берзата во вториот квартал?

msp-admin

Германија и Франција ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија

msp-admin