Компании и пазар

Организирање на отстранување на отпадот е клучно за земјата

Во Македонија годишно се создаваат над 800.000 тони мешан отпад од кој на комунален отпад отпаѓа 700.000 тони. Едно македонско семејство годишно создава по 1,5 тон ѓубре или годишното количество, создаден комунален отпад по жител изнесува околу 400 килограми. Во споредба со европските земји, Македонија е на средината на листата држави во кои најмногу се фрла ѓубре.

Бројките уште еднаш ја потврдуваат драматичната слика со отпадот во земјава, покрај постојаните информации и апели да не се гори и да не се одложува насекаде со што последиците по здравјето на граѓаните се огромни. Сепак, правилното управување со отпадот подразбира повеќе етапи, од селектирање, преку правилно собирање и на крајот најважниот дел – одложување на отпадот и негова преработка.

Во Македонија отпадот се депонира покрај во официјалните комунални депонии, кои служат претежно за целите на урбаните области, уште и во бројни диви депонии, каде се гори се од комунален до опасен отпад кој што се фрла наоколу. Најдраматичната ситуација што го предизвикува најголемиот проблем е отстранувањето на собраниот отпад, односно едноставно е фрлен на отворен простор, на падините на планинскиот ридови или долж бреговите на реките и во близина на градовите. Целиот отпад што вклучува индустриски, опасен медицински и отпад од домаќинствата е измешан и оставен на исто место. Преработката на отпадот моментално во земјава подразбира неконтролирано горење, при што се ослободуваат високо токсични органски соединенија што го загадуваат воздухот. Оваа емисија на штетни состојки преку ветрот и низ воздухот лесно се дисперзира насекаде и секојдневно ја вдишуваме, но најмногу се чувствува во блиските населени места. Со едноставното одложување на отпадот во процесот на распаѓање се создава исцедокот што се слива во подземните води, истите води со кои се залеваат полињата со земјоделски производи.

Правилното и организирано отстранување и обработување на отпадот е опфатено со регионалните депонии, што е и наша обврска како земја претендент за членство. Иако тежнееме кон имплементирање на сите нови регулативи на ЕУ, сепак за тоа треба повеќе време и ресурси. Исто така, кај нас заостанува и имплементирањето на новите пракси. Една од овие нови методологии применета во многу европски земји е балирање, брз, економичен и еколошки пристап во третирањето на отпадот.

Компанијата ПП Индустрис е специјализирана за вакво управување со отпадот, и според нивното досегашно искуство ова е решение за моменталната состојба со повеќе предности. Според нив балирањето е најсоодветно привремено решение на долгорочен план и брзо решение на проблемот со отпадот во општините, додека во меѓувреме се работи на создавање на регионалните центри за отпад во регионите низ Македонија.

“При процесот на балирање, собраниот комунален отпад се компресира и се затвора во пластична фолија која потоа се намотува во ролни. Со овој метод волуменот на отпадот се намалува до 3-4 пати, а со компресија се губи и непријатната миризба, се оневозможува исцедок на отпадна течност и нема ризик од палење и горење на отпадот. Имплементацијата на овој метод дава можност да се инсталира единица за селекција на пластика, со што дополнително се овозможува рециклирање на пластиката. Дополнително, според нашите калкулации за месечните трошоци кои би ги имале граѓаните се помеѓу 20 до 30 денари од жител”, велат од ПП Индустрис.

За инсталирање на една ваква единица потребни се само 15 дена, а максималниот капацитетот е 35 t/h (140 000 тони годишно). Со 1 единица за балирање, може да се обработи отпадот од 300.000 жители. Исто така, одлика на единицата за балирање е што е флексибилна, односно може да работи по потреба.

Заради ваквите карактеристики и уште заради економичниот, еколошкиот, финансискиот аспект но и флексибилноста во примената, балирањето нашироко се користи во повеќе европски земји, пред се во Франција, Австрија, Италија, Шпанија што е добар показател дека овој метод е прифатлив како моментално но и трајно решение и кај нас.

Поврзани вести

АФПЗРР исплати близу 17,4 милиони денари за субвенци за откупена пченица од домашно производство

Влатко Зорба

Европска земја ги замрзнува платите во јавниот сектор за наредните три години

Влатко Зорба

Колку извезуваме, а колку увезуваме од Германија, Британија и Србија?

Влатко Зорба

„Мајкрософт“ добива конкуренција: „Оракл“ во игра за купување на „ТикТок“

Влатко Зорба

Бугарски фирми во Македонија со профит од 351 милион евра

Влатко Зорба

Гејтс: Вакцината против коронавирусот мора да биде глобално достапна

Влатко Зорба