Компании и пазар

Овие компании се помоќни од цели држави

Компании како Apple, Microsoft и Amazon имаат пазарна капитализација што е поголема од бруто домашниот производ на некои земји.

World Atlas одвои 10 компании коишто на пазарот на капитал имаат поголема вредност од многу земји во светот

Walmart

Синџирот на дисконти Walmart е гигант меѓу трговците на мало, а има пазарна капитализација од над 310 милијарди долари, што е повеќе од номиналниот бруто домашен производ на Египет, земја што има популација од околу 100 милиони жители.

Johnson & Johnson

Компанијата што се занимава со производство на производи за широка потрошувачка, фармацевтски и медицински производи има пазарна капитализација од 324,7 милијарди долари. Да беше Johnson & Johnson земја, ќе беше меѓу топ четири светски економии.

Visa

Пазарната капитализација на оваа компанија што се занимава со платежни трансакции достигна ниво од 347,1 милијарда евра, што е исто колку и бруто домашниот производ на Данска, којашто е 39-та од 50 најмоќни економии во светот.

Berkshire Hathaway

Овој холдинг, чиј сопственик е милијардерот Ворен Бафет, сочинува повеќе од 60 компании. Неговата пазарна капитализација изнесува 436,8 милијарди долари, што е повеќе од номиналната вредност на БДП на Обединетите Арапски Емирати. Ако компанијата на Бафет беше држава, тогаш ќе беше меѓу 30-те најмоќни на глобално ниво.

Facebook

Под “капата“ на оваа социјална мрежа, во сопственост на Марк Цукерберг, се и Instagram, WhatsApp, Messenger, Oculis…, чија вкупна пазарна капитализација надминува 446,9 милијарди долари. Тоа е повеќе и од номиналниот БДП на Нигерија, земја во западна Африка што е богата со нафта и има повеќе од 200 милиони жители.

Alibaba

Кинескиот “џин“ за електронска трговија, чиј основач е еден од најбогатите Кинези – Џек Ма, има пазарна капитализација од 505,9 милијарди долари. Тоа е истата онаа вредност што ја има номиналниот БДП на Белгија, којашто е 25-та најмоќна економија во светот.

Alphabet

Alphabet, што е компанија “мајка“ на Google, има пазарна капитализација од 763,2 милијарди долари. Тоа ја прави финансиски помоќна од Турција, 19-та најбогата земја во светот со номинален БДП од 743,7 милијарди долари.

Amazon

Гигантот за електронска трговија, Amazon, чиј сопственик е најбогат човек на планетата, на пазарот вреди 945,9 милијарди долари. Да е Amazon на Џеф Безос држава, тогаш би била на местото на Холандија, којашто е 17-та најсилна економија во светот со номинален БДП од 902,36 милијарди долари.

Apple

Втората најмоќна компанија во светот, којашто доаѓа од ИТ секторот, вреди 1.084 милијарди долари, што ја прави да биде финансиски посилна од Индонезија, којашто е 16-та најголема економија и четврта земја во светот по број на жители.

Microsoft

Компанијата, зад чија основа стои Бил Гејтс, е најмоќната компанија со светот со проценета вредност од 1.138 милијарди долари. Во случај Microsoft да беше држава, ќе беше 15-та финансиски најсилна земја во светот.

 

Поврзани вести

Твитер и Фејсбук ги затегнуваат мерките против лажните информации за коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Вештачката интелигенција има потреба од нови правила, велат од Google

Влатко Зорба

ИКТ компаниите прават голем исчекор напред со приклучување кон професионалните пензиски шеми

Влатко Зорба

Колку дивоградби лани „никнале“ во земјава?

Влатко Зорба

На колку години Закерберг ја заработи првата милијарда?

Влатко Зорба

Ангеловска: Со купување домашни производи даваме поддршка на домашната економија и зачувуваме работни места

Влатко Зорба