СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пандемијата „удри“ и по рекламниот сектор

Рекламниот сектор оваа година очекува пад од 10%, а најголеми последици трпат компаниите во Бразил, Јапонија и Велика Британија.

Анализите покажуваат дека ако се исклучат политичките рекламирања во САД, пазарот на рекламирање ќе достигне 517,5 милијарди долари или 12% помалку во однос на 2019 година, пренесува Deadline.

Најголем пад има телевизиското рекламирање, што стагнира веќе подолг временски период, како и огласувањето на отворен простор, што опфаќа рекламни паноа, билборди и слично, поради тоа што луѓето за да се заштитат од коронавирусот остануваа во затворен простор.

Телевизиското рекламирање за оваа година се очекува да се намали за 17,6%. Кај дигиталното рекламирање се очекува пад од 2,3%. Голем број компании вложуваат во дигитални реклами бидејќи се поевтини од телевизиските, а кампањите можат полесно и да се отпочнат, но и да се откажат.

Закрепнување на глобалниот рекламен пазар се очекува следната година, со проектиран раст од 8,2%. Но, експертите очекуваат ситуацијата да се стабилизира дури во 2022 година, односно да се врати како во периодот пред пандемијата.

Поврзани вести

Барелот нафта падна под нулата за прв пат во историјата

msp-admin

САД изгубиле 8,4 милиони работни места за една година

Влатко Зорба

УЈП: Остварен 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во „Викендот без ДДВ“ во однос на истиот 2019 година

msp-admin