Компании и пазар

Петар Стојковски се стекна со најпрестижното признание „Business Elite’s 40 under 40“

Петар Стојковски, директорот за продажба за српскиот пазар од Витаминка, е еден од 40те најуспешни млади лидери прогласени на годинешната Global Top Brand Awards програма. Стојковски е издвоен врз основа на неговите успеси во досегашната кариера и постигнатите резултати во зацврстувањето на позицијата на Витаминка и нејзините брендови на српскиот пазар, вклучително и подобрено поставување и позиционирање во ова високо конкурентно и побарувачко опкружување како и за веќе докажаните резултати на меѓународно ниво.

„Стекнувањето со едно вакво признание е голема чест но и можност за отворање нови видици и перспективи. Со претставување на иновативноста и визионерството на добитниците, се отвораат неограничени можности за успех и тоа не само на индивидуален туку и на колективен план, пред се за компанијата и воопшто за деловните капацитети на земјата”, вели Петар Стојковски.

Наградата „40 under 40“ претставува една од најпрестижните и најпопуларните признанија во бизнис светот и секој кој се здобил со вакво признание се очекува да создаде извонредна кариера и да постигне огромни успеси во иднина.

Business Elite’s 40 under 40 како бренд на Global Top Brand Awards е програма која ги препознава и ги признава успешните луѓе од бизнисот и ги вмрежува со цел зголемување на нивниот бизнис и профит и основа за идна соработка. Церемонијата „Business Elite’s 40 under 40“ се одржа во Амстердам во грандиозната Huis Bartolotti каде што официјално беа доделени статуетките на 40те најамбициозни и најуспешни млади бизнис лидери, визионери, иноватори под 40 години, од 10 земји од Источна Европа меѓу кои и Македонија.

Поврзани вести

Анкета: 70 отсто од граѓаните сметаат дека е потребно отворање на економијата за враќање на работните процеси

Влатко Зорба

Кои се петте најтргувани акции на берзата во февруари?

Влатко Зорба

АПЕКС со донација од 20.000 евра на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје

Влатко Зорба

Деспотовски: Инициравме креирање на регионален Фонд за иновации со кој ќе се искористи потенцијалот на регионалниот пазар

Влатко Зорба

Ферари очекува профит од најмалку една милијарда евра во 2020 година

Влатко Зорба

Светска банка: 50 милиони евра заем за исплата на плати за работниците во приватниот сектор

Влатко Зорба