СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

По 5 децении во ГТЦ, Стопанска банка АД Скопје ја сели дирекцијата во луксузниот објект на Азманов?

По период од околу 5 децении во ГТЦ, Стопанска банка АД Скопје ја сели дирекцијата во новиот луксузен објект на бизнисменот Зоран Азманов, дознава Стандард од свои извори.

Од Банката во текот на вчерашниот ден и утрово не одговорија на нашите прашања за преместувањето на дирекцијата.

Според нашите информации, во ГТЦ ќе остане само трезорот, а засега нема информации кога ќе почне селидбата. Допрва ќе се знае дали Банката ги купила сите 8.650 квадратни метри или само дел од нив, како и деталите околу тоа кога е склучен договорот со Азманов и по која цена е купен просторот.

Не се исклучува можноста објектот на Стопанска банка во ГТЦ наскоро да биде даден на продажба бидејќи станува збор за простории кои се во нејзина сопственост.

Според информации на Стандард, раководството на Градски Трговски Центар АД- Скопје, уште пред неколку месеци на вработените им ја соопштиле веста за претстојната преселба на Стопанска банка, а нивна претпоставка е дека целиот процес бил пролонгоран поради корона кризата.

Бизнис центарот „Настел“ е лоциран во строгиот центар на Скопје, на местото на старата печатница „Гоце Делчев”, во близина на италијанската амбасада. Печатницата беше урната во 2010 година, а изградбата почна дури 7 години потоа, односно во 2017-та.

Одобрението за градба на сегашниот Бизнис центар беше добиено во август 2016, од страна на тогашниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.

Поврзани вести

Кина остро против на извршната наредба на Трамп против „ТикТок“ и „ВиЧет“

msp-admin

„Монтенегро ерлајнс“ спушта крилја

msp-admin

Volkswagen и Audi ја предизвикуваат Tesla

Влатко Зорба