СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

По Естонија, и Грузија издава визи за „дигиталните номади“

Работата од дома доби на популарност по ескалација на пандемијата предизвикана од коронавирусот, но многу фриленсери и претходно наместо во канцеларија, работеа од омилениот агол во домот.

Неодамна властите во Естонија одобрија законски измени со коишто се дава можност за издавање визи за таканаречени дигитални номади. На оваа иницијатива ѝ се приклучува и Грузија. Тамошниот министер за економија најави дека визата е достапна за “граѓани од сите земји“ и е наменета за фриленсери и претприемачи, пренесува Timeout.

Поради пандемијата, сите кои ќе аплицираат ќе мора да одат во двонеделен карантин штом влезат во оваа евроазиска земја. Сите заинтересирани треба да пополнат образец за пријава, каде што ќе ги внесете личните податоци, потврда за вработеност и писмо за согласност за карантин. Исто така, ќе мора да се приложи и доказ на патничко осигурување, што ќе покрие најмалку шестмесечен престој.

Засега виза за дигитални номади издаваат: Германија, Костарика, Норвешка, Мексико, Португалија и Чешка.

Поврзани вести

САД: Дополнителната финансиска помош за невработените ја поттикнува потрошувачката во услови на криза

msp-admin

Австрија има огромна потреба од работна сила во оваа област, ќе им требаат уште 100.000 луѓе

msp-admin

Националната федерација на фармери против зголемување на акцизата за горива

msp-admin