СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

По протерувањето на Карлос Гон – Нисан и Рено се соочуваат со крах на берзата

Скандалите околу Карлос Гон сеодразија на автомобилските компании што ги водеше – Рено и Нисан, пишува Блумберг.

Двете компании се производителите на автомобили со најлоши перформанси во Bloomberg World Auto Manufacturers индексот во 2019 година, при што нивните акции паѓаат за 23 и 28%, соодветно. Меѓу оние со најдобри перформанси во индексот се Ферари, Киа и Тесла.

Гон (65) избега од Јапонија и побарал прибежиште во Либан пред малку повеќе од една година, откако неговото шокантно апсење во Токио ги потресе двете компании и ги затегна врските.

Отстранувањето на Гон беше проследено со заминувањето на клучни фигури во обете компании. Ова го намали профитот на Нисан на најниско ниво во последнава деценија и го предизвика Рено, кој го отстрани извршниот директор минатата година, да ги намали очекувањата во октомври.

Воспоставените производители на автомобили се повеќе се насочуваат кон консолидација, како начин за дистрибуирање на милијарди долари потребни за трансформација на индустријата, насочена кон електрични и автономни автомобили. Сепак, алијансата помеѓу Нисан и Рено се тресе уште од отстранувањето на Гон. Ефектите од оваа тензија беа видливи минатата година, кога отпорот на Нисан го спречи Рено да се спои со Фиат Крајслер. Набргу после тоа, Фиат започна со обединување со Пежо – францускиот ривал на Рено.

Митсубиши моторс, третиот партнер во сојузот „Рено-Нисан“, исто така не се справува добро оваа година. Акциите на компанијата паднаа за 24% во 2019 година.

Поврзани вести

Просечната нето плата во март изнесува 26.422 денари

msp-admin

Huawei ID го доби Европскиот печат на приватност за Европа и ЕЕЗ

msp-admin

Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски

msp-admin