СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Повеќе од 100.000 картички се во оптек и со нив се купуваат македонски производи

Повеќе од 100.000 картички се во оптек и со нив веќе може и се купуваат македонски производи, сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

На сметките на банките се префрлени 28 милиони евра и веќе до крајот на неделата треба да се заврши со изработка на сите картички од иницијалната листа и од следната недела да се продолжи со печатење на картички од усвоените приговори.

Оние кои веќе ги поседуваат картичките, можат да ги користат во:

* Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување
* Туристички агенции и оператори
* Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци
* Супермаркети
* Продавници за храна, пиљари, пекари
* Mебел, осветлување, производи за домаќинства
* Книжарници и продавници за книги
* Спортска опрема
* Продавници за облека, обувки, предмети од кожа
* Аптеки
* Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности

Македонските производи ќе ги најдете назначени на рафтовите, гондолите или со стикери „Купувам домашно”.

„Купувајте домашно, без разлика дали поседувате домашна платежна картичка или не, бидејќи на тој начин придонесувате за зачувување на работните места во земјава“, посочува Министерката.

Поврзани вести

Ако планирате да инвестирате, овој бизнис е полн погодок

msp-admin

Плаќаат билет и до 25.000 евра за приватен лет

msp-admin

Дигитално евро: Дали ќе постои и како може да изгледа?

Влатко Зорба