СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Продолжениот викенд од 10 до 12 октомври ќе биде „Викенд без ДДВ“

Продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет истата ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, изјави премиерот на државава, Зоран Заев во интервју за Локално.

За време на овој период, граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Се очекува, сето тоа да оди преку апликацијата „МојДДВ“, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат.

Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли

Поврзани вести

Најстарата компанија во светот работи 1.500 години, а во Македонија…

msp-admin

Арно го надмина Маск на листата на најбогати луѓе во светот

Автомобилскиот пазар во ЕУ го забележа најмрачниот јануари во својата историја

Влатко Зорба