СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Продолжува големата хуманитарна акција на АПИС

Продолжува серијата на донации на компаниите, членки на АПИС, во здравствените институции кои се на првите борбени редови при соочувањето со пандемијата од вирусот COVID-19.

Силен здравствен систем е она што е императив кога се соочуваме со една ваква закана, па токму поради тоа компанијата ХТЛ Македонија, членка на Групацијата Новоматик од Австрија, реши да донира болнички кревети во износ од 20.000,00 евра во ГОБ 8-ми Септември во Скопје.

Помошта на здравствените институции во државата околу она што им е најпотребно овој период е од витално значење и истото го диктира темпото со кое ќе се справуваме со овој невидлив непријател.

Сакаме да веруваме дека со оваа наша акција барем малку ќе го олесниме секојдневието на здравствените работници кои ќе имаат една грижа помалку на своите плеќи.

Циклусот донации на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија, чија вкупна сума изнесува 200.000,00 евра, продолжуваат во наредниот период, а ќе бидат донирани болнички кревети и дезинфикциони средства на други болници кои се вклучени во борбата против новиот коронавирус, COVID-19.

Поврзани вести

Volkswagen лансира автономно електрично комбе до 2025 година

Влатко Зорба

ЕУ го одобри спојувањето на Fiat Chrysler и PSA

msp-admin

„Фајзер“ најавува поскапување на вакцините

Влатко Зорба