Компании и пазар

Програма што ги чува работниците и ја јакне економијата сега сите ја копираат

Алатката со којашто германската влада има намера да ограничи отпуштања во услови на економски шокови предизвикани од епидемијата на коронавирусот, стана новиот “извозен хит“ на најголемата економија во Европа, пишува Бизнис Инфо.

Алатката е наречена Kurzarbeit и е програма во којашто компаниите кои се соочуваат со економска криза радикално ја намалуваат саатницата на работниците или ги испраќаат на неплатен одмор, а државата надоместува поголем дел од изгубената заработка.

Поточно, станува збор за исплата на 60% од платите на работниците пред кризата, а исплатата ја прави Федералната канцеларија за труд, којашто, исто така, плаќа надоместоци за невработеност.

Според Анка Хасел, професор по јавна политика на Универзитетот Hertie во Берлин, оваа програма ги задржа повеќето квалификувани работници во германските компании за време на кризата во 2008 и 2009 година и и овозможи на германската економија да се опорави толку брзо.

Според Financial Times вредноста на Kurzarbeit ја забележале и другите европски земји. Данска, Шведска и Норвешка ја следат Германија во воведувањето големи субвенции за работниците кои инаку би биле отпуштени. Слична програма воведува Велика Британија.

Исплата од 60% од “изгубената плата“ за 2,3 милиони работници кои ќе се приклучат на Kurzarbeit, вреди околу 10 милијарди евра.

Минатиот петок министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак претстави програма според која работодавците може да аплицираат за финансиска помош за да помогнат во покривањето на голем дел од нивната плата. Ваквата помош може да покрие до 80% од платата на работникот или до 2.500 фунти месечно (околу 2.700 евра).

Шпанија и Франција имаат слични мерки, а неодамна беа изменети во насока на “германскиот модел“.

Бројот на барања за програмата Kurzarbeit се очекува да се зголеми во наредните недели, бидејќи епидемијата на вирусот зема сè поголем данок во германската економија.

Инаку, Kurzarbeit постои од почетокот на 20 век, но за прв пат беше спроведен пред 12 години. Благодарение на него, стапката на невработеност на Германија се намали од 7,9% на почетокот на кризата на 7% во мај 2009 година.

Поврзани вести

Битолска млекара на домашниот пазар го создаде првиот јогурт збогатен со 10 витамини

Влатко Зорба

„Кросбоу“ ќе ја направи зелената енергија конкурентна на регионалниот пазар

Влатко Зорба

Повик од ЕУ: 164 милиони евра за стартапи и мали и срeдни компании за борба против коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

1.000 ракети, 20 години и 2 милијарди долари се неопходни, за да се изгради првиот град на Марс

Влатко Зорба

„Амазон“ нуди работа на отпуштените работници од рестораните и баровите во САД

Влатко Зорба

Нафтата падна на најниско ниво во последнава година, како ќе реагира ОПЕК+?

Влатко Зорба