СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Производството во Италија редуцирано за третина: Повеќе од 420,000 луѓе остануваат без работа

Италија, каде производствената активност е намалена за 34 проценти, како резултат на пандемијата на вирусот „КОВИД-19“, се соочува со невидена криза, при што се проценува дека повеќе од 420.000 луѓе ги загубија своите работни места во 2020 година.

Италијанскиот државен институт за статистика (Истат) проценува дека финансиската состојба поради пандемијата ќе биде потешка отколку за време на светската економска криза во 2008 година. Потрошувачката ќе падне за 9,9 проценти ако блокадата поради пандемијата остане до јуни, рече Истат, додавајќи дека како резултат на пандемијата на вирусот „КОВИД-19“, Италија ги намали производните активности за 34 проценти.

„Невидената“ криза проценува дека 420.000 вработени во Италија годинава ќе ги загубат своите работни места, од кои половина се туристички работници, соопшти Сојузот на стопански комори (Унионкамере).

Туризмот, сериозно засегнат од пандемијата на вирусот е многу значајна индустрија во Италија, со 13 отсто од БДП на таа земја и 14,9% од вкупниот број на работни места.

Во Италија, една од земјите што се најтешко погодени од пандемијата, најстрогите општи карантински мерки со зголемена контрола на граѓаните ќе бидат во функција барем до 13 април, а како што е најавено, може да бидат продолжени до почетокот на мај.

Поврзани вести

Xiaomi гради фабрика која ќе произведува по 60 5G смартфони во минута

msp-admin

Јужна Кореја планира да гради ветерна фарма вредна 42,8 милијарди долари

Влатко Зорба

Traficom ги дефинира критичните делови на комуникациската мрежа во Финска