СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Просечната нето плата во март изнесува 26.422 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март оваа година, изнесува 26.422 денари, додека во бруто износ е 39.437 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 7,4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,2%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,2%) и Преработувачка индустрија (9,8%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,6%), Уметност, забава и рекреација (15,4%) и Стручни, научни и технички дејности (9,9%).

Поврзани вести

Повеќе од 40% од облеката и обувките ќе продолжат да се купуваат преку Интернет

Влатко Зорба

Бразил храни 10 проценти од светската популација

Влатко Зорба

Колкава камата се плаќа на кредит од 300.000 денари?

msp-admin