СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Првиот Skopje Whiskey Fest официјално заврши

Првото издание на SKOPJE WHISKEY FEST е настан кој му требаше на градот. Првиот Skopje Whiskey Fest официјално заврши! Конечно и Скопје има свој виски фестивал!

Каква беше атмосферата?

2 дена исполнети со виски дегустации. Посетителите имаа можност да дегустираат над 30 виски бреднови и над 58 видови на виски, сингл малтови и бурбони на унифицирани изложбени позиции и низ добро осмислен простор. Информативните и пропратните материјали не изостануваа. Најамбициозните се едуцираа на организираните мастер класови со регионални бренд амбасадори од Бугарија и Хрватска. Музичката програма, добро осмислена – whiskey music и whiskey moon night, го поттикнуваше уживањето во виски пијалоците.

Специјалните зони го комплетираа впечатокот: коктели на база на виски, whiskey retail shop, spirits street, whiskey food pairing, зона со сродни категории на виски: вода и газирани пијалоци, апетисани, добро кафе, tobacco chocolate flavors искуство, пури, премиум барска опрема, а меѓу атракциите – молекуларни прозиводи од виски и изложба на возила.

Фестивалот школски ги следеше сите добро-општествени критериуми:

Атрактивната виски патрола ги мереше промилите и им даваше препорака на гостите да ги остават своите возила.

По затворањето на виски дегустациите, следуваше последна хуманитарна акукција на отворени виски флаши.

На сцената беа поставени 2 пунктови за рециклирање на испиените виски флаши кои ќе се претопат во стаклена скулптура за Skopje Whiskey Fest 1.0.

Организаторите од Боттега Евенти се среќни што после три ипол години осмислување на виски фестивалот низ различни форми и предизданја, изминатиот петок и сабота го реализираа првиот оригинален Skopje Whiskey Fest.

Поврзани вести

Месец на хуманост со „Cooking with Branko“ и Витаминка

msp-admin

Ангеловска: За да одиме напред мора да ја забрзаме дигиталната трансформација и да ја зајакнеме конкуреноста

msp-admin

Земји чии економии ќе останат „недопрени“ од корона-кризата

msp-admin