СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Работа од дома на Малдиви? Колегите би ви завидувале, а цената е „вистинска ситница“

Биро заедно со тиркизен зелен океан, палми и ветре, личен асистент, освежителни пијалоци достапни цело време.

Ова на прв поглед може да изгледа како премногу имагинативна листа на желби за фрустриран вработен кој работи од дома, но луксузно одморалиште на Малдивите неодамна понуди токму таков „работен пакет“, со сите горенаведени и бројни други предности, пишува Си-Ен-Ен.

Туристичкото одморалиште „Наутилус Малдиви“ е отворено на 1 септември, и им нуди можност на заинтересираните туристи и гости да ја преместат својата „домашна канцеларија“ од нивниот дом во луксузна канцеларија на атолот Баа, кој е на списокот на УНЕСКО. Но, понудениот пакет поради цената не е за секого.

Седумдневен престој кој вклучува седум ноќевања за двајца во една од 26-те луксузни куќи на самата плажа, изнесува 23.250 долари, а за двонеделен или тринеделен престој тука треба да се издвојат 37.850 или 52.000 долари, пренесува SEEbiz.

На сите кои сакаат да работат на овој начин, одморалиштето нуди „совршена приватност и изолација“ во одморалиште кое се наоѓа на приватен остров, со дневна јога, фитнес или медитација, како и можност за приватно изнајмување луксузна јахта од која, после напорниот работен ден, на зајдисонце, може да се следи пливање на делфини.

Доколку се одлучите за еден од понудените пакети, ќе можете да работите неколку часа секој ден од затскриената песочна плажа каде што ве чека работна маса и крошна за заштита од сонце. Во таква сцена во позадина, несомнено ќе ви завидуваат сите ваши колеги за време на работен видео повик.

За да не се оптеретувате со административниот дел од апликацијата за доаѓање на Малдиви, пријателскиот персонал ќе го стори тоа за вас. За тоа време, ќе имате безгрижен коктел во приватен салон на аеродромот.

Малдивите во моментов се отворени за сите туристи кои имаат докази за негативен PCR тест на Ковид-19, кој не смее да биде постар од 72 часа, сметајќи го времето од поаѓање од дестинацијата.

Другите атрактивни одморалишта нудат слични пакети за секој што работи од дома за време на пандемија.

На пример, дестинациите како што се Барбадос или Бермуди им нудат на туристите работни визи до една година, а многу американски хотели рекламираат слични нови услуги.

Хотелот Соер од Калифорнија нуди колиби за оние со длабок џеб покрај базен со Wi-Fi, паркинг и ручек по цена од 150 долари на ден, а хотелот Хамилтон во Вашингтон лансираше пакет што им нуди на гостите користење на соба до 16 часот со појадок, по цена од 109 долари на ден.

Поврзани вести

Nokia ќе подели 10.000 откази за да заштеди 716 милиони долари

Влатко Зорба

Доларот повеќе не е водечка валута во светот

msp-admin

Филип Морис ТКП денеска го лансираше IQOS во земјава