СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Расте глобалниот пазар за користени паметни телефони

Секундарниот пазар на паметни телефони се очекува да расте стабилно во текот на следните неколку години, според прогнозите на ИДЦ за периодот 2019-2023 година. Потрошувачите купуваат сè повеќе користени паметни телефони и овој тренд ќе продолжи.

Глобалниот пазар за користени паметни телефони порасна за 17,6% во 2019 година, што претставува раст од 206,7 милиони единици. Аналитичарите велат дека продажбата на половни паметни телефони ќе достигне 332,9 милиони во 2023 година.

Подемот на овој пазарот се набљудува во позадина на неодамнешниот пад на продажбата на нови паметни телефони и прогнозата за минимален раст во наредните години. Некои производители сами ја охрабруваат продажбата на користени паметни телефони, со понуда на фабрички обновени телефони.

Во наредните години ќе започне транзицијата од 4G на понапредните 5G уреди. Сепак, овој процес ќе биде постепен, бидејќи мрежите 5G сè уште не се распространети.

Поврзани вести

Три месеци по „исчезнувањето“, се појави Џек Ма (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Унгарија: Младите под 25 години нема да плаќаат данок на доход

Влатко Зорба

Apple подготвува нов „Mac“ со свој процесор

msp-admin