СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Revolut објави раст на приходите од 354% за 2018 година

Базираната во Лондон финтек компанија Revolut објави зголемување на приходите за 354% за 2018 година во однос на година порано, објави организацијата во својот нов финансиски извештај.

Приходите достигнаа 58,2 милиони фунти (65,4 милиони фунти), во однос на 12,8 милиони фунти во 2017 година. Силниот раст се должи на континуираниот развој на основните производи, растечката база на клиенти и активност на клиентите, соопштуваат од Revolut.

Според извештајот на компанијата, главните директни трошоци остануваат оние што се во рамките на шемата за картички и оние за привлекување потрошувачи. Трошоците за продажби се зголемиле за 247%, што ја зголемило маргината на бруто приходот, откако растот на приходите го надминал оној на трошоците за раст на продажбите.

32,8 милиони фунти е нето загубата за годината што завршува на 31 декември 2018 година.

Во август и септември 2019 година, бројот на нови корисници кои се приклучуваат кон Revolut достигнал 800.000.

За 2019 година, компанијата предвидува трипати поголем раст на приходите од минатата година, благодарение на зголемувањето на базата на клиенти, лансирање нови производи, оптимизација на тековната и експанзија на нови пазари.

Бруто-маржата за втората половина на 2019 година се очекува да достигне 40-50%, што е пораст од 10% во однос на претходната година.

„2019 година ќе биде уште една година што ќе доведе до рекорден раст, но нашата работа не е завршена и решени сме да стигнеме до сите, што имаат потреба од нас. Ова значи поддршка на нашите амбициозни планови за раст и експанзија, кои сега се поттикнуваат од значителни подобрувања во профитабилноста и клучните назначувања што ги правиме“, коментира извршниот директор на Revolut, Ник Сторонски.

Во моментов, бројот на корисници на Revolut во Европа е над 7 милиони. Компанијата регистрира во просек 3,7 милиони месечно активни корисници и 1,1 милиони дневно активни корисници.

Од 2015 година, кога Revolut започна со работа, до денес, вкупниот обем на трансакции во системот на компанијата вреди над 85 милијарди долари.

Бројот на корисници кои плаќаат за претплатнички пакети (Premium и Metal) е зголемен за 550 проценти од јануари 2018 година.

Поврзани вести

Брегу: Повеќе претприемачки и работнички можат да го зголемат БДП на Западен Балкан (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Акционери на Стопанска Банка: Дивидендата – грчка, корпоративното управување и супервизијата – македонска

msp-admin

Ништо од фабриката „Фолксваген“ во Турција

msp-admin