СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Секој час губат милион евра

Најголемата германска авиокомпанија „Луфтханза“ се соочува со големи економски проблеми, а секој час загубата е поголема за еден милион евра, пренесува „б92“.

И покрај фактот што државата инвестира милијарди во таа компанија, илјадници работни места се загрозени во „Луфтханза“.

Германската „Луфтханза“, тешко погодена од короната, мора значително да ги намали трошоците за платите на работниците. Падот на патничкиот сообраќај доведе до тоа вишокот на кадри во таа компанија да биде уште поголем отколку што беше познато досега.

После кризата, на „Луфтханза“ ќе ѝ бидат потребни 22.000 вработени – што е 26.000 помалку работни места отколку денес, соопшти компанијата по преговорите со претставници на три синдикати во Франкфурт.

Поврзани вести

Германија и Франција ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија

msp-admin

Туристичките агенции со стрмен пад од 83,6%

msp-admin

Цената на златото расте за сметка на послабиот долар

Влатко Зорба