Компании и пазар

Штедење во изолација – трошоци кои сега исчезнуваат

Ова напнато и стресно време е тешко за сите нас, иако има некои социолошки толкувања кои велат дека короната донесе неколку “позитивни“ промени, како што е поминување на поголемиот дел од времето со семејството, забавување на животното темпо, трошење помалку пари. Сега кога луѓето, во голем број се “заглавени“ дома, се создаваат подобри услови за заштеда. И да посакаме, нема каде да потрошиме пари: движењето е ограничено, а рестораните, клубовите, спортски сали, трговските центри и други места, не работат.

Оние работници кои не добија отказ за време на оваа криза, кои работат од дома за редовна и полна плата, имаат добри шанси да заштедат. Речиси и да нема ненадејни трошоци, а единствените работи за кои се троши секој ден се производите за храна и хигиена.

Business Insider издвојува пет трошоци кои инаку ги имаме, а сега кога сме во самоизолација ни се оневозможени, па може да ги тргнеме на страна.

Не возиме, не трошиме за бензин

Колку често го полните резервоарот, во нормални околности? Најмалку еднаш неделно. Некои сигурно и почесто. Тука е и трошокот за паркинг. Ако сега работите од дома исто така ќе заштедите за месечен автобуски билет или дневни билети.

Може и дома

Ретко ги броиме износите на пари што ги трошиме за јадење надвор, без разлика дали се работи за пекари, ресторани или кантини на работа. Трошиме и за кафе со пријателите. Но, сега и овие трошоци ќе ги нема некое време. Иако во редовни околности, имаме време и услови да си направиме свои оброци, да ручаме или вечераме дома, многу вработени кои работат цел ден, тие едноставно не го прават тоа. Сега ги нема и трошоците за излегување за време на викендите, кино, театар и други забавни места.

Целиот материјал на следниот линк!

Поврзани вести

Пронајдоа златен рудник на Интернет, се заработуваат милиони

Влатко Зорба

Елон Маск ги навреди Египќаните: Пирамидите биле изградени од вонземјани

Влатко Зорба

СБ: Три фактори клучни за заздравување на економијата

Влатко Зорба

AI ќе наметне голема преквалификација на работната сила

Влатко Зорба

Постигнат договор: Емиратите го окончаа бојкотот на Израел

Stefanija Kuzmanovska

Преживеаните од холокаустот бараат од Закерберг построги мерки на Фејсбук

Влатко Зорба