СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Што сè поскапе во август?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.8.

Трошоците на живот во август оваа година, во однос на претходниот месец, бележат пораст од 0,5%, додека кај цените на мало има зголемување од 0,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7%, млекото за 0,5%, оризот за 0,4%, пивото за 0,3%, сирењето и урдата за 0,2%.

Во август, исто така, пораст на трошоците на животот, е забележан и кај електричната енергија за 7,4%, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,6%, фармацевтските производи за 1,3%, гасот за домаќинствата, моторните возила за 1,2%, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1,1%, ткаенините за изработка на облека, услугите за рекреација и спорт за 1%, игрите, играчките и хобијата за 0,9%, терапевтските помагала и опремата за 0,8%, медиумите за снимање, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6%, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,5%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, електричните апарати за лична хигиена за 0,4%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, стоматолошките услуги, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,7%, свежиот и разладениот зеленчук освен компири и другите коренести производи за 0,6%, месото, јајцата за 0,4%, маслото и маснотиите за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај обувките за 1,8%, горивата и мазивата за сопствени превозни средства за 1,1%, велосипедите за 0,9%, облеката, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6%, течните горива за домаќинствата за 0,2%.

Поврзани вести

Tesla продаде повеќе автомобили во 2019 година отколку претходните две комбинирани

msp-admin

„Твитер“ размислува за воведување претплата

msp-admin

Гугл најави намалување на брзината на Јутјуб поради коронавирусот

msp-admin