СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Славески: Месец март не може да се пропушти без никаква поддршка

Мислам дека мерките се прво задоцнети, во неколку наврати ние укажавме на тоа дека се недоречени, необјаснети затоа што граѓаните и фирмите не можеа да се најдат себе си во очекуваната помош. А во економијата психологијата, особено социјалната е многу битна, односно очекувањата, вели членот Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески за Детектор.

-Се согласувам со забелешките од повеќе стопански комори, некои од нивги слушнавме и овде, дека се испушта еден критичен месец март. Ние ги имаме првите знаци на опаѓање на економската активност во оделни сектори дури од крајот на февруари, не март. Да не зборуваме за состојбата по 13 март кога со одлука на Влада заради заштита на здравјето на граѓаните и стопирање на ширењето на заразата со новиот коронавирус се затворени цели дејности, угостителството, туризмот, транспорт. Значи месец март не може да се пропушти без никаква поддршка, смета тој.

Славески посочи дека оние претпријатија на кои што денес државата нема да им помогне, по завршувањето на кризата ќе ги видиме затворени, а тоа ќе значи дека илјадници македонски граѓани ќе останат без работа.

Поврзани вести

„SPAC“ со месеци ги тресе САД: Зошто овој инвестициски систем привлече и „обични смртници“?

Влатко Зорба

Што сè поскапе во август?

msp-admin

Повеќе од 30 американски држави го тужат Гугл за проширување на својот монопол

msp-admin