СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Следете ги овие правила и ќе заштедите повеќе пари

Постојат многу сложени и ефективни методи за тоа како да инвестирате и да заработите повеќе, но генерално е неопходно да имате дополнително знаење и талент. Само треба да научите различни пристапи и трикови.

Инвестирајте во себе

Најдобрата инвестиција за вашата иднина е да инвестирате во себе. Колку побрзо ќе го разберете ова, толку подобро, затоа што треба да направите што повеќе различни работи кога сте млади.

Се разбира, ова е за учење нови работи и ново искуство, немојте да мислите дека треба да имате уште една факултетска диплома, туку обидете се да научите нешто што ве интересира. Читање книги, курсеви преку интернет, добивање сертификати или посетување програми за личен развој, се одлични опции. Колку повеќе вложувате во себе, толку повеќе ќе станете вредни. Постојат голем број бесплатни предавања и курсеви на интернет.

Запомнете го правилото 3 по 8

Сите знаеме дека во просек работиме 8 часа на ден, спиеме 8 часа и имаме околу 8 часа на ден слободно време. Ние го продаваме нашето работно време на други луѓе, а времето за спиење го одвојуваме за нашето тело. Значи, единствениот начин да станете подобри во нешто е да ги поминете последните 8 часа од денот мудро. Направете нешто што е корисно за вас на долг рок, како што се подобрување на вештините што веќе ги имате или учење нови. Колку повеќе заработувате, толку повеќе можете да заштедите.

Внимателно позајмувајте пари на семејството и пријателите

Иако сакаме и се грижиме за нашите роднини и пријатели, проблемот е во тоа што може да имаат различен начин на размислување кога станува збор за парите што ги позајмиле од вас. Можеби се надеваат дека ќе го заборавите вашиот долг или едноставно ќе им простите. Ова потенцијално недоразбирање може да расипе и добри односи. Значи, или воопшто не позајмувате или договорете одреден рок за враќање.

Останатите совети прочитајте ги тука!

Поврзани вести

Битиќи: Северна Македонија има потенцијал, има луѓе коишто знаат да развиваат бизнис

msp-admin

Австрија подготвена за произведство на руски и кинески вакцини

Влатко Зорба

Акциите на Фејсбук забележаа рекорден скок

Влатко Зорба