СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„SpaceX“ лансираше уште 60 сателити „Старлинк“ во вселената

Американскиот производител на ракети и сателити „SpaceX“ лансираше уште 60 сателити „Старлинк“ во вселената за да го направи Интернетот достапен за значителен дел од светската популација која сè уште нема пристап до Интернет, особено во руралните области.

Последната мисија од 60 сателити беше лансирана со помош на ракетата „Falcon 9“ од базата Кејп Канаверал во американската држава Флорида.

Во изјавата на „SpaceX“ се вели дека ова е петто лансирање на истата ракета за еднократно користење „Falcon 9“.

Пред оваа мисија, „SpaceX“ лансираше вкупно 360 сателити во вселената, како дел од истиот проект.

Американскиот производител на ракети и сателити планира да понуди алтернатива на луѓето во светот кои се незадоволни од своите провајдери на услуги на Интернет со овој проект.

SpaceX е најголемиот приватен оператор за сателити кој успеа да го задржи честото темпо на нивно лансирање и покрај кризата поради пандемијата од коронавирус.

Секој сателит тежи околу 200 килограми, и бидејќи тие се поставени во ниска орбита, околу 2.000 километри од Земјата, можните одложувања или прекини во Интернет-врските се минимизираат.

За да може да ги обезбеди своите услуги ширум светот, SpaceX планира да формира мрежа од најмалку 12.000 сателити со сателити „Старлинк“, а проектот треба да биде завршен во 2027 година.

SpaceX планира оваа година да обезбеди на Интернет-услугата „Старлинк“ оваа година на клиенти во Соединетите Држави и Канада.

Поврзани вести

29 милијарди долари: „Форд“ двојно ги зголемува инвестициите во електрични возила

Влатко Зорба

Honda повлекува дури 761.000 возила

Влатко Зорба

Вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија седум медали на натпреварот „Мундус Вини“

msp-admin