СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Сугарески: Граѓаните да не купуваат или резервираат авиобилети

Министерот за транспорт Горан Сугаревски во интервју за ТВ 24 информираше дека субвенции за авиокомпаниите се исплаќаат за она што го имаат работено претходно и дека ќе се исплаќаат понатаму кога ќе се заврши вонредната состојба и кога „Визер“ ќе продолжи со редовните и со субвенционираните линии.

– Во моментот, согласно одлуката на Владата суспендирани се летовите на „Визер“. Известени се уште на 15-16 март, тогаш се застанати сите летови. За овој период согласно договорот ние нема како да исплаќаме и за што да исплаќаме како држава. „Визер“ има четири субвенционирани летови од Охрид и четири субвенционирани летови од Скопје, појасни Сугаревски.

Тој апелираше граѓаните да не купуваат или резервираат билети и нагласи дека штом ќе се создадат услови за отворање на аеродромите Владата и ресорното Министерство ќе ја извести јавноста за да може да ги резервираат билетите.

– Се друго што читате тоа се лажни вести. Ние уште немаме одлука за кога и како. Се надеваме дека тоа ќе биде најбрзо, меѓутоа за тоа проценка треба да направи Штабот и Владата согласно препораките коишто ги дава Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, информираше ресорниот министер.

Поврзани вести

Идејата на Марин за 4-дневна работна недела е спроведена во други земји – и тоа со успех!

msp-admin

Маск изгуби скоро 4 милијарди долари за еден ден

Влатко Зорба

Пандемијата може да „збрише“ цела генерација стартапи

msp-admin