СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Tesla Cybertruck“ доаѓа и во Европа?

Сопственикот на „Tesla“, Елон Маск, објави дека постои можност за производство на помала верзија на моделот на необичниот „Cybertruck“. Покомпактна верзија на инаку огромниот електричен пикап би бил поприфатлив за употреба во Европа, како заради прописите и димензиите, така и заради вкусот на клиентите на Стариот континент.

Помалите димензии на возилото, чија оригинална верзија е долга 5,9 метри, одговара на димензиите на огромниот „Ford F-150“ би биле поприфатливи за купувачите на европскиот пазар, чиј вкус е доста поразличен од северноамериканскиот.

Пикапот „Cybertruck“ е дизајниран како разноврсно електрично возило, кое може да влече приколка со брод или коњи и да вози слободно надвор од патот, бидејќи не постои опасност од гребење на бојата, бидејќи – на неа нема боја. Со целата своја можност, овој голем пикап импресионира и со забрзувањето, бидејќи потребни се само 2,9 секунди за да достигне 100 км на час.

Вербата на сопствениците на „Тesla“ во успехот на „Cybertruck“ на пазарот се потврдува со фактот дека при дизајнирање на овој пикап, тие воопшто не се консултирале или испитувале потрошувачи, што е во спротивност со утврдената практика на другите производители.

Како и да е, резервниот план на Маск е да ги намали димензиите и да го редизајнира „Cybertruck“ според преференциите на европските потрошувачи ако продажбата во САД и Канада не оди според планот.

Првичните бројки се добри затоа што веќе се потврдени 200.000 резервации. Ако се произведе помала верзија на пикапот, тоа би се изработувало во фабрика што ја гради оваа компанија во близина на Берлин.

Со својот дизајн потсетува на футуристички автомобили од холивудските продукции од 90-тите години и досега невидени перформанси во пикап-сегментот, „Cybertruck“ привлекува големо внимание од потенцијалните купувачи ширум светот.

Секако би било интересно да се види како би се справило ова импресивно возило во контекст на старите улици во Виена или пред добро познатите туристички атракции на Париз, Лондон или Барселона.

Поврзани вести

Што се случи со компанијата, која воведе минимална плата од 70.000 долари пред 5 години?

msp-admin

Брегу: Заедничкиот регионален пазар доби широко признание и поддршка

Цената на алуминиумот РАСТЕ: Стигна 2.300 долари за тон

Влатко Зорба