СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тежок удар за рекламниот сектор поради коронавирусот

Откажувањето на големи спортски настани и пропаст на бројни компании во секторите на луксузна стока, забава и туризам дадоа тежок удар во глобалниот рекламен сектор, пишува Бизнис Инфо.

Оваа година беше ветувачка поради Европското првенство во фудбал, Олимписките игри во Токио и претседателските избори во САД, а сега изгледа дека би можело да биде меѓу најлошите за рекламните гиганти.

Извршните директори на рекламни компании велат дека клиентите ги прекинуваат кампањите, откажуваат фотосесии за списанија, а големите брендови ги намалуваат трошоците за заштеда на пари бидејќи епидемијата ги смени приоритетите на потрошувачите.

“Ова е многу ненадеен, директен и значаен удар врз приходите и балансот. Многумина ќе се најдат свртени кон ѕидот. Клиентите откажуваат во сите медиумски агенции низ целиот свет“, рече извршниот директор и основач на LONDON, Мајкл Мозински.

Ненадејното повлекување на голем дел од вкупно 600 милијарди долари за реклами што преку агенциите се сливаат на медиумските платформи како Facebook, Google и во телевизиските куќи, списанијата и билбордите ќе се чувствува далеку и широко.

Во Европа телевизиските куќи, како што се германската RTL и британската ITV, беа погодени од повлекување на големи огласувачи, како оператори за крстарење и авиокомпании. Рекламирањето на отворено бележи пад во светот бидејќи потрошувачите остануваат дома.

Поврзани вести

Брегу: Повеќе претприемачки и работнички можат да го зголемат БДП на Западен Балкан (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Кој е најбогатиот Русин, што работи и зошто Путин го критикуваше?

Влатко Зорба

Трамп застана на страната на Маск: „Тесла“ мора веднаш да започне со работа!

msp-admin