СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тимоние се интересира за учеството на француски компании во проекти во државава

Францускиот  амбасадор Кристијан Тимоние на денешната средба со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов се интересирал за соработката на француските компании со ЈП за државни патишта и нивното учество во проекти кои веќе се во фаза на реализација потсетувајќи дека точно пред едн а година имале веќе една средба на која се разговарало за учество на француските компании во државава.

Китанов информирал дека ЈП за државни патишта има веќе остварено соработка со неколку француски фирми кои работат во доменот на градежништвото, како што се Ежис, Суез, Фросинет, Сaфеж и др. Дел од нив во моментов се ангажирани како надзор и како консултанти. Амбасадорот Тимоние изразил надеж дека практиките на добра соработка помеѓу француските компании и ЈП за државни патишта ќе продолжи и во иднина со иста таква успешност како и до сега.

Китанов, како што соопшти Јавното претпријатие за државни патишта, потенцирал дека секоја фирма што ќе понуди најдобри услови за соработка е добредојдена бидејќи годинава се планира отпочнување на рехабилитација на повеќе патишта, посочувајќи дека нема да застанат на 783-те км рехабилитација остварени само последниве две години кои се речиси двојно поголеми од рехабилитираните патишта за време од десетина години претходно. Неговата цел како директор, како што вели, е до крајот на 2020 година да се надмине цифрата од над 1200 км рехабилитирани патишта.

-При тоа, ќе се води исклучително сметка за квалитетот на градбата која ќе биде според сите европски стандарди. Секако, во план се и новоградбите на патишта и мостови кои ќе следуваат во наредниов период, додава Китанов.

Поврзани вести

Новогодишниот карван на Еуроникел Индустри во посета на децата од здравствени и образовни установи во Кавадарци и Возарци

msp-admin

Обновливите извори на енергија мора да ги потиснат фосилните горива

Влатко Зорба

Откажано годинешното издание на мобилниот Конгрес во Барселона

msp-admin