СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тројца руски олигарси меѓу најбогатите во Велика Британија

Руските бизнисмени Алишер Усманов, Михаил Фридман и Роман Абрамович влегоа во првите 20 најбогати луѓе во Велика Британија, според истражувањето на „Сандеј тајмс“.

Богатството на Усманов, кој се наоѓа на 8-то место на најбогатите луѓе на Островот, се проценува на 11,68 милијарди фунти (14,14 милијарди долари). Тој е на чело на холдингот УСМ.

Како што се наведува, Усманов и дал 118 милиони фунти на Русија во 2020 година за борбата против короната.

Михаил Фридман (Алфа груп) е на 11-то место со 10,23 милијарди фунти, додека Роман Абрамович е на 12-то место со 10,16 милијарди фунти.

Најбогат Британец е Џејмс Дајсон има 16,2 милијарди фунти, додека второто место го делат индиските бизнисмени Шри и Гопи Хинди и Дејвид и Сајмон Рубен со 16 милијарди фунти.

„Сандеј тајмс“ пишува дека најбогатите луѓе во Велика Британија изгубиле 54 милијарди фунти за два месеци поради кризата со коронавирусот. Вкупното богатство на 1.000 најбогати луѓе на Островот е 743 милијарди фунти.

Поврзани вести

Што е најбитно во стратегијата за опоравување на хотелите?

msp-admin

„Eurobarometer“: Кои се најважните прашања за иднината на Европа по завршувањето на пандемијата?

Влатко Зорба

Кинески аеродром стана НАЈПРОМЕТЕН во светот за време на пандемијата

Влатко Зорба