СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Црн понеделник“ за 5 технолошки гиганти – загубија над 321 милијарда долари

Овој понеделник беше најлошиот ден за американските берзи од финансиската криза во 2008-ма година. Петте највредни технолошки компании загубија 321,6 милијарди долари од нивната вредност, а на Apple отпаѓа скоро една третина од тој износ, пренесува CNBC, цитирани од Бизнис Инфо.

Акциите на производителот на iPhone се намалија за 7,9%, Microsoft, Facebook и Alphabet загубија над 6%, додека кај Amazon е забележан пад од 5,3%.

Падот на вредноста на пазарите е поради ширење на корона вирусот и падот на цените на нафтата.

Претходно, Саудиска Арабија во текот на викендот ги намали официјалните продажни цени на сировата нафта за април, откако еден ден претходно пропаднаа преговорите меѓу ОПЕК и Русија.

Кога станува збор за големите технолошки компании, инвеститорите се загрижени поради намалената економска активност и потрошувачката во случај да не може корона вирусот да се стави под контрола.

Индексот Dow Jones се намали за над 2.000 поени, што е најлош резултат од 2008-ма година, додека S&P 500 забележа пад од 7,6%, што, исто така, е најлош постигнат резултат од 2008-ма година.

Поврзани вести

За што најмногу се жалат македонските потрошувачи?

msp-admin

„Бритиш петролеум“ ќе им даде на сите вработени удел во компанијата

Влатко Зорба

MediaTek прави амбициозни планови за 5G пазарот

msp-admin