СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Усје со добивка од 191,6 милиони денари го заврши првото тримесечје

За цементарница Усје првиот квартал од оваа година заврши со добивка од 191.665.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од 2019 година, компанијата прикажа добивка од 138.759.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа вредност од 788.452.000 денари. Поголемиот дел од 571.087.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 217.365.000 денари е на странски пазари.

“Појавата на вирусот COVID-19 (Корона) минорно се одрази врз редовните деловни активности на Друштвото, поточно врз приходите од продажба во првиот квартал од годината. Сепак, во месец април забележано е намалување од 49% во продадените количини во однос на планот за 2020 година. Иако ова е сè уште еволуирачка ситуација и не може да се предвидат идните ефекти, треба да нагласиме дека Друштвото ги изготви своите планови за деловен континуитет и презема мерки на претпазливост за да го задржи здравјето на своите вработени, да се осигури дека работните места се безбедни и да ги сочува паричните средства“, стои во Образложението за остварениот консолидиран резултат.

Поврзани вести

„Беркшир Хатавеј“ со загуба од околу 50 милијарди долари за првото тримесечие

msp-admin

IDC: Побарувачката за користени смартфони ќе расте

Влатко Зорба

Blue Origin ги испраќа првите туристи на вселенски лет за два месеци