СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вакво нешто немам видено 89 години: Бафет објаснува што се случува со светските берзи (ВИДЕО)

Еден од најпознатите светски инвеститори и шеф на конгломератот „Беркшир Хатавеј“, Ворен Бафет, во интервју за „MarketWatch“ рече дека „тој не видел вакви трендови на светските берзи веќе 89 години“, односно откако е жив.

Инвеститорот на прашање на новинарот „што се случува на Вол Стрит?“ смешно одговори дека „сè е можно да се доживее на берзите, ако останеш доволно долго“.

Тој направи паралела помеѓу сегашната паника на Вол Стрит со онаа од 1987 година, кога светските берзи нагло и неочекувано изгубија 1,7 трилиони долари, во настан познат како „Црн понеделник“. Тој ги советуваше инвеститорите сега да ги следат берзите „од секунда во секунда“ затоа што секоја вест има драматичен ефект врз порастот или падот на цените на акциите.

Се разбира, „пророкот Омаха“ има мала причина да се грижи. Според последните податоци, неговата компанија „Беркшир Хатавеј“, е проценета на 128 милијарди американски долари. Тој самиот, да не остане се на зборови, ги купи акциите на една од најголемите американски авиокомпании „Делта ерлајнс“ минатата недела за 45,3 милиони американски долари и во моментов има 11 проценти удел во компанијата.
Иако некои аналитичари го оспорија неговиот потег, сметајќи дека авиокомпаниите нема да се опорават од кризата поради коронавирусот долго време, други инвеститори, вклучувајќи ја и американската инвестициска банка „Ситигруп“, тргнаа по неговите стапки.
Авиокомпаниите сега се на колена и бележат огромни загуби но, според него, би можеле да бидат добра долгорочна инвестиција.

Поврзани вести

Google и ЕУ ќе се објаснуваат на суд за улогата на компанијата во Интернет просторот

msp-admin

ЕУ би можела да ги присили Apple да користaт USB-Type-C конектор во iPhone

msp-admin

Во комшии: „Додека сум жив, нема да прифатам недела да биде неработен ден“

Влатко Зорба