СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вежбајте со Неотел и CROSSFIT Скопјe и #ОСТАНЕТЕЗДРАВИ

Со оглед на препораките од надлежните институции за превенција од ширењето на COVID-19, НЕОТЕЛ во соработка со спортскиот клуб CROSSFIT Скопје, овозможи видеа со специјални Crossfit вежби за да можат сите заинтересирани да вежбаат од своите дневни соби.

Тренерот Жарко Батиќ како дел од тимот на CROSSFIT Скопјe ќе се погрижи секојдневно да им претстави едноставни домашни вежби кои ќе помогнат во одржување на физичката спремност на сите оние кои сакаат да останат “ФИТ” во овие денови на изолација.

Видео вежби ќе бидат објавувани секој ден, освен недела, додека траат мерките на изолација. Истите ќе бидат објавувани преку социјалните медиуми на НЕОТЕЛ ДОО и CROSSFIT Скопје како и директно на телевизиската платформа neoTV на НЕОТЕЛ.

Затоа #ВежбајОдДома, #ОстанетеДома и #ОстанетеЗдрави.

Поврзани вести

Поради големиот пад на резервации, Booking отпушта повеќе од 4.000 лица

msp-admin

Русија ќе го претстави ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВИОН

Влатко Зорба

Престижна награда за Завар дизајн „German Design Award 2020“ во категоријата Excellent Product Design Energy

msp-admin