СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Virgin Atlantic на Брансон поднесе барање за банкрот во САД

Компанијата Virgin Atlantic поднесе барање за банкрот во САД, додеа се обидува да го доврши планот за реструктуирање во износ од 1,5 милијарди долари за се спаси од големата криза предизвикана од пандемијата, пренесува CNN.

Компанијата, чие седиште е во Велика Британија, поднесе барање за заштита од банкрот во Њујорк, со цел да го заштити својот имот додека е во фаза на реструктуирање во матичната земја.

Во јули компанијата доби финансиска помош од 1,5 милијарди долари за да ја задржи долгорочната ликвидност, само неколку дена пред да продолжи со патничките летови.

Оттаму најавуваат дека процесот на реструктуирање ќе трае околу година и половина, а за тоа има поддршка од акционерите, новите и постоечките инвеститори и кредитори.

Инаку, Virgin Atlantic е авиокомпанија во сопственост на британскиот милијардер Ричард Брансон.

Поврзани вести

Фолксваген ќе укине 4.000 работни места во Германија

Влатко Зорба

Financial Times ги прогласи сопствениците на „BioNTech“ за личности на годината

msp-admin

ССМ најавува тужби за работодавачите ако незаконски намалат плати