СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во Америка во август отворени 1,4 милиони работни места

Американската економија доби дополнителни 1,4 милиони работни места во август, што е во согласност со очекувањата, јави CNN.

Податоците за август покажуваат дека заздравувањето на американскиот пазар на труд продолжува да забавува, имајќи предвид дека во јули се отворени 1,7 милиони нови работни места, а во јуни 4,8 милиони.

Во извештајот се посочува дека секој поединец што ќе се врати на работа е “мала победа во борбата против невидената криза за вработување предизвикана од пандемијата на Ковид-19″.

Сепак, Америка сè уште има 11,5 милиони работни места помалку отколку во февруари, се додава во текстот.

Стапката на невработеност во САД падна на 8,4 % во август, првпат под 10 % од март оваа година.

Поврзани вести

Европската побарувачка за автомобили нагло падна во февруари

Влатко Зорба

Заработката на големите нафтени компании оди на отплата на долгови

Влатко Зорба

„Локдаунот“ ја чини Австрија 1,7 милијарди евра неделно

Влатко Зорба