СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Xiaomi: 5G мрежите значително ќе го подобрат животот на луѓето, а пак 6G?

Експерти од кинеската компанија Xiaomi ги проучуваат технологиите што ќе ја формираат основата на мрежата 6G. Главниот извршен директор и основач на компанијата Леи Џун не сакаше да ги открие деталите за прелиминарните тестови, но тој истакна дека важен услов за развој на 6G технологијата ќе биде воспоставувањето широка сателитска Интернет мрежа.

– Базните станици и сателитите не се доволни. Потребна е терминална поддршка од сите места. Имаме многу истражувања во таа област, но Xiaomi не планира директно да учествува во комерцијалната употреба на воздушната – рече директорот на Xiaomi, пренесува РБК.

Леи Џун истакна дека пандемијата од коронавирус и голем број теоретичари на заговор имаа негативно влијание врз развојот на мрежата 5G, но дека компанијата ќе продолжи да ја развива таа сфера, како и да произведува паметни телефони кои би ја поддржувале мрежата од петтата генерација.

Според директорот на кинеската компанија, на крајот на 2020 година, Xiaomi ќе престане со производство на паметни телефони кои ја поддржуваат мрежата 4G за кинескиот пазар. Xiaomi во моментот ги складира овие уреди.

Во наредните месеци, компанијата ќе се фокусира на развој на 5G уреди, развој на сателитски Интернет и истражување на мрежата 6G, пренесува „Спутник“. Леи Џун истакна дека воведувањето на мрежата 5G значително ќе го подобри животот на луѓето.

Поврзани вести

FDA го одобри тестот на Roche за Корона вирус

msp-admin

„Мајкрософт“ размислува целосно да го купи „ТикТок“

msp-admin

КОВИД-19 ќе го принуди бизнисот да преразмисли како работи

msp-admin