СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Xiaomi гради фабрика која ќе произведува по 60 5G смартфони во минута

Xiaomi има амбициозна цел да стане еден од најактивните производители во промовирање на 5G технологија во мобилната индустрија. Компанијата ја искористи конференцијата World 5G 2019 за да открие повеќе детали за своите планови. Извршниот директор на Xiaomi, Леи Џун јавно потврди дека е отворена нова фабрика за изградба на паметни телефони со поддршка за 5G мрежи. Шефот на компанијата изрази уверување дека откако ќе заврши, објектот ќе произведува 1 милион паметни телефони месечно.

Самата фабрика ќе се наоѓа во Beijing Economic and Technical Development Zone и ќе има работна 5G инфраструктура. Xiaomi тврди дека комбинацијата меѓу автоматизирани производствени линии и компјутери, кои анализираат огромни количини на информации во реално време, ќе им овозможи да создаваат 60 паметни телефони во минута. Ако успеат да го постигнат тоа, Xiaomi ќе може да произведуваат за 60% повеќе од традиционалните уреди за паметни телефони, пренесува GizmoChina.

Ако сè оди според планот, фабриката треба да биде готова во декември. Ова значи дека објектот ќе може да работи со полна брзина на почетокот од следната година. Xiaomi веќе објави дека ќе лансира најмалку 10 смартфони со 5G можност на пазарот пред крајот на 2020 година. Компанијата, исто така, сака да ги опреми своите поевтини уреди со 5G модули следната година за поефикасно да се натпреварува со другите производители на Android. Новата фабрика ќе биде клучна за стратегијата на Xiaomi за 2020 година.

Поврзани вести

Бензините поевтини за денар ипол, дизелот за половина денар

msp-admin

Србија ќе увезува работници од Индија, Пакистан и Турција?

msp-admin

Колку струја троши Македонија?

msp-admin