СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За 11,6 проценти повеќе одобренија за градење во октомври, нови 562 стана

Во октомври годинава се издадени 308 одобренија за градење, за 11,6 проценти повеќе споредено со октомври лани, при што е предвидена изградба на 562 стана.

Предвидената вредност на објектите изнесува 3.760.827.000 денари и е за 35,3 проценти помалку во однос октомври минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Скопскиот регион и натаму е со најмногу нови дозволи за градење, чиј број во октомври изнесувал 84. По него следат Полошкиот со 49, Југоисточниот со 46,… а најмалку одбренија, осум, се издадени во Североисточниот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (49 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 43 (14 проценти) за нискоградба, а 114 (37 проценти) за објекти за реконструкција. Инвеститори на 180 објекти или 58,4 проценти се физички лица, а деловни субјекти на 128 (41,6 проценти) објекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 562 станови, со вкупна корисна површина од 50 294 метри квадратни. Од вкупниот број предвидени станови, 357 се во Скопскиот регион, односно 190 во општина Ѓорче петров, 145 во Бутел, 10 во Центар. Нови 84 станови ќе има во Југозападниот регион, од кои 41 во Охрид, 27 во Струга, 16 во Кичево…Во Полошкот регион се планирани 67 стана, а во Североисточниот само еден и тоа во Липково.

Поврзани вести

Три месеци по „исчезнувањето“, се појави Џек Ма (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Зошто директорот на Apple тврди дека изреката за „работата што ја сакаш“ е ЦЕЛОСНА ГЛУПОСТ?

Влатко Зорба

Откако Твитер го избрка Трамп, дезинформациите нагло се намалија

Влатко Зорба