СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За 35 отсто пад на приходите на 30 најголеми државни компании

Според анализата, просечната стапка на профитабилност за овие четири години изнесува скромни 5,9 отсто.

Целта на анализата е да ја оцени успешноста во работењето на овие претпријатија кои, како што е наведено во анализата, оствариле вкупно 737 милиони евра приходи минатата година и имаат 22.864 вработени.

Наплатата на побарувањата на анализираните компании, според истражувањето, претставува слаба алка на работењето и изнесува 265 дена за четири години, односно 243 дена за минатата година.

– Обврските претпријатијата ги плаќаат во уште подолги рокови, за 514 дена просечно, односно 497 дена за минатата година. Вообичаено во бизнисот компаниите што плаќаат со вака долги рокови се избегнуваат или заради роковите на плаќање им се даваат значително повисоки цени од пазарните, е наведено во анализата.

Кредитната способност, според анализата, покажува дека вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенот на самофинансирање е во зоната на безбедност (87 отсто, односно 96 отсто за 2018 година).

– Анализираните претпријатија успеваат да работат позитивно, покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од четири отсто (за 2018 година шест отсто), и поседуваат доволно парични средства за покривање на краткорочните обврски, посочено е во финансиската анализа.

Оваа анализа е направена врз основа на пет групи на финансиски индикатори изведени од годишните сметки на претпријатијата за периодот 2015-2018 година и го расветлува работењето на сите 30 претпријатија заедно и за секое од нив одделно.

Поврзани вести

Robinhood собра дополнителни 2,4 милијарди долари од своите акционери

Влатко Зорба

Цената на „Брент“ достигна 70 долари за барел

msp-admin

Швеѓаните забораваат што е готовина

msp-admin