СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За секои 1 милион патници кои патуваат преку еден аеродром, се создаваат 3.000 нови работни места

Истражувањата на Меѓународниот совет на аеродроми покажаа дека за секои 1 милион патници кои патуваат преку еден аеродром, 3.000 нови работни места се создаваат – директно на аеродромите и индиректно во полето на туризмот и угостителството и сите сродни и блиски индустрии. Ова покажува колку позитивно влијание може да има еден брзорастечки аеродром врз целата економија и обратно – негативното влијание што може да го има неговиот пад врз туристичкиот сектор и целата економија, вели во интервју за „Локално“ генералниот директор на ТАВ, Метин Батак.

– За време на експанзијата во изминативе 5 години, двата македонски аеродрома не беа само порта за патувања на македонските граѓани, туку и порта за влез на туристи во доаѓање во Македонија. Охридскиот аеродром цветаше со холандски, белгиски, англиски, израелски, италијански, германски, полски, турски, швајцарски туристи кои ги полнеа туристичките капацитети од април до октомври. Сега, сите овие авиолинии, како и дел од атрактивните дестинации од Скопје, или се откажани или се со драстично намалени фреквенции, поради ограничувањата за патување во ЕУ.

Поврзани вести

Tesla доаѓа во Хрватска и бара работници

msp-admin

Дали монополот на ЕВН е вистинската причина за протестите против поскапувањетона струјата?

msp-admin

Колку извезуваме, а колку увезуваме од Германија, Британија и Србија?

msp-admin