СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Започна продажбата на Huawei FreeBuds 3 во Северна Македонија

Започна продажбата на новите премиум безжични слушалки HUAWEI FreeBuds 3 со нов интелигентен звук со помош на Huawei Kirin A1 чипот.

Kirin A1 е првиот чип на Huawei кој е специјално дизајниран за пазарот на додатоци. Тие се дел од новата аудио стратегија на компанијата насочена кон премиум аудио пазарот. Безжичните слушалки имаат исклучителна технологија за дигитална обработка на аудио звукот со драјвери со висока чувствителност, кои на секој корисник му овозможуваат одлични можности за репродукција на музика и глас. Новиот чипсет, кој исто така е вграден во најновиот смарт часовник на брендот, Huawei Watch GT 2, обезбедува долг век на траење на батеријата со моќен процесор за звук.

Некои од најимпресивните карактеристики на безжичните стерео слушалки се стабилната поврзаност што ја обезбедуваат, ултра ниската латентност и импресивната технологија за контрола на бучавата. Слушалките даваат вистински стерео звук благодарение на сопствениот изохрон двоен канал Bluetooth на Huawei. Оваа технологија ги синхронизира двете слушалки, олеснувајќи ја директната врска помеѓу уредот и слушалките без мешање, а бучавата може да се прилагоди според индивидуалните преференци и моменталната состојба.

Иновативниот процесор за дигитален аудио сигнал, кој овозможува да се обработи аудио до 356 MHz, помага да се минимизираат надворешните звуци и да се воспостават повици дури и во многу бучни средини.

Покрај интелигентниот звук, безжичните слушалки FreeBuds 3 импресионираат со новиот дизајн, достапен во класична бела и црна боја, што ги прави погодни за секаков вид облека. Тие исто така доаѓаат со заоблени торбички за полнење што удобно се вклопуваат во сечиј џеб.

FreeBuds 3 имаат уште една многу важна предност – можат да се напојуваат безжично, со безжичен полнач или преку функцијата безжично полнење овозможена од паметните телефони, при што се обезбедуваат 4 часа работа со едно полнење.

Поврзани вести

Меѓународниот балкански универзитет дел од „Светската недела на претприемништвото”

msp-admin

Најбогатиот човек во Европа заработил над 11 милијарди долари за ден

msp-admin

Волстрит брише 3 кинески компании, Пекинг се заканува со одмазда

Влатко Зорба