СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Zara и H&M добиваат сериозна конкуренција од Кина

Кинески Shein би можел да биде најголемата интернет страница за шопинг, со што станува сериозен конкурент на Zara и H&M. Според Euromonitor, компанијата нуди сопствена брендирана облека онлајн што би можела да ги надмине големите имиња во овој бизнис.

Shein е основана во 2008-ма година, а ја таргетира таканаречената Z генерација. Во својата маркетинг стратегија користи влијателни луѓе кои колекциите со облека ги претставуваат на Instagram и TikTok. За оние кои ги следат преку социјалните мрежи, нудат бројни кодови за попусти.

Облеката што ја нуди Shein е достапна по пониски цени за разлика од оние во Zara или слични онлајн продавници.

Доминацијата на кинескиот онлајн бутик може да се види и преку тоа што само во септември апликацијата на Shein ја презеле 10,3 милиони луѓе, додека H&M на својот мобилен телефон ја симнале 2,5 милиони, а на Zara два милиони корисници.

Поврзани вести

Нови 4,5 милиони Американци аплицираа за бенефиции за невработеност, вкупно 26 милиони

msp-admin

Комерцбанк очекува загуби и оваа година

Влатко Зорба

УШТЕ 14 милијарди евра за 9 членки на ЕУ

Влатко Зорба