СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

17 малициозни апликации за iPhone се одобрени од Apple

И покрај строгите процеси на одобрување што ги преминуваат апликациите за iOS, се чини дека некои заразени програми успеваат да ја „прескокнат лентата“. Apple потврди дека 17 апликации за iPhone-инфицирани со малициозен софтвер се отстранети од App Store, откако успешно го завршија процесот на преглед на компанијата. Сите тие се од еден развивач – AppAspect Technologies, опфаќајќи широк спектар на опции, вклучувајќи интернет радио, решение за компресија на видео, брзинометар и многу повеќе.

Злонамерниот код не беше откриен од компанијата Купертино, туку од мобилната фирма за безбедност Wandera. Во случајот станува збор за тројански коњ од типот „clicker“, чија цел е да прави активности, поврзани со реклами во позадина. Тука се вклучени постојано отворање страници или кликнување на врски без интервенција на корисници. Во повеќето случаи, овој вид тројанци е дизајниран да генерира приходи од кликнување на реклами. Оваа практика се користи и за да се исцеди буџетот на конкурентските огласи со вештачко зголемување на кликови.

Корисниците на заразени апликации не се повредени директно, туку преку употреба на мобилни податоци и потенцијално оптоварување на уредот. Апликациите ја „прескокнале“ проверката на Apple затоа што малициозниот код не е директно во нив, туку се инјектира од оддалечен сервер што се користи за контролирање и на апликации со Android.

Apple објави дека тие го подобруваат процесот што го користат за прегледување на апликациите за да може овој пристап да биде пресретнат.

Поврзани вести

Маска за лице на иднината

msp-admin

Google го следи однесувањето на корисниците на Android

Влатко Зорба

Епл потрошила речиси 200 милиони долари за стартапот „Икснор“

msp-admin