СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple ќе ги прави идните iPhone-и целосно од рециклиран материјал

Директорот задолжен за политиките за животна средина во Apple, Лиза Џексон има намера да го искористи влијанието на производителот на „iPhone“ за поголема употреба на рециклирани материјали и обновлива енергија.

„Сметаме дека е важно да ја искористиме нашата улога во приватниот сектор за да извршиме смела акција за климатските промени – да дадеме добар пример“, рече Џексон, која беше шеф на Агенцијата за заштита на животната средина, во администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама.

Пример е употребата на рециклирани ретки метали во новиот iPhone 11 – прв пат во паметен телефон.

„Ако го сториме тоа и другите можат“, рече Џексон, „Се надеваме дека овој развој ќе ги поттикне другите да дејствуваат, за да можеме да создадеме побарувачка, потребна за побрзо проширување на овој рециклиран материјал“. Apple користи и рециклиран алуминиум за некои од неговите модели.

Џексон верува дека во моментов има нов социјален фокус на заштитата на животната средина.

„Луѓето се желни за реални промени и лидерство во врска со ова, и јас чувствувам дека сме на повратна точка. Самиот факт што 1,5 милиони луѓе излегоа на улиците во знак на протест против климатските промени во Германија, покажува дека ова е нешто поразлично“, смета Џексон.

Таа исто така верува дека потенцијалот да се справат со „застрашувачките“ климатски предизвици е поголем од било кога.

„И гласовите како оние на Грета Тунберг се толку важни за јасноста, што ни е потребна за нашиот стремеж и пристап“, објаснува менаџерката.

Еден од предизвиците е што многу компании не ја сфаќаат потреба да избираат помеѓу доброто на планетата и нивниот профит. Постои потреба од паметни и иновативни решенија за да се намали емисијата на јаглерод диоксид (СО2) силно и одржливо. Во исто време, потребна е државна регулатива, објаснува Џексон.

Apple минатата година објави дека сите единици на групата ќе се напојуваат во целост со обновлива енергија. Во меѓувреме, 44 добавувачи на групата се посветија на таквата политика. Apple објавува информации за емисиите на СО2 што секој од неговите уреди треба да ги генерира во текот на целиот живот. За новиот iPhone 11, Apple очекува 72 килограми СО2 по уред, од кои поголемиот дел ќе бидат при производство, а помалку во употреба.

Постојат и други добри примери во технолошката индустрија. На пример, Google исто така ја црпи целата електрична енергија од обновливи извори. Неодамна, Amazon објави дека целосно ќе ги пренесе своите енергетски потреби кон обновливи извори до 2030 година.

Поврзани вести

Oppo ги потврди основните параметри на Reno Ace

msp-admin

Фејсбук може да воведе опција за криптирани аудио и видео повици

msp-admin

Apple ги претстави AirPods Pro – нов дизајн и активно потиснување на бучавата (ВИДЕО)

msp-admin