СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple ќе ги следи под лупа спорните територии и граници

Apple може да размисли за начинот на кој ги претставува спорните граници и територии во своите производи, откако одлуката на компанијата да го вклучи Крим во границите на Русија, донесе широко распространета реакција.
Портпаролката на Apple за Би-Би-Си изјави дека компанијата „детално ќе испита“ што прават со спорните граници производи како „Maps“ и дека може да има и други промени како резултат на овој преглед.

Но, не очекувајте дека Apple ќе се премисли за Крим! Компанијата истакна дека го прави полуостровот руска територија за да се придржува кон локалните закони, но сите други ќе го гледаат за украински.

Apple потсетува дека во последните неколку месеци се воделе тешки дискусии со руската влада за барање на компромисно решение, обележувајќи го Крим како неодредена територија. Сегашниот попуст на Apple кон Москва, логично доведе до критики од Украина и други кои веруваат дека никој не смее да ја признае анексијата на Крим од страна на Русија, без оглед на притисокот.

Како и во случаите кога одлучи да повлече апликација за организирање протести во Хонг Конг за да ги задоволи кинеските власти, Apple е повторно во тешка позиција. Од една страна, компанијата е свесна дека предавањето кон авторитарните потези, како што е ова, штети на нивниот имиџ, но од друга страна, ризикува да го изгуби пристапот до голем пазар ако одбие, а да не зборуваме, дека повлекувањето од Русија нема да доведе до повеќе слобода на општеството таму.

Во овие ситуации, нема лесно решение и прегледот на политиките на Apple може да биде многу важен за да се најде рамнотежа во иднина.

Поврзани вести

Бројот на WhatsApp корисници расте и покрај новите правила

Gartner: Blockchain и IoT се совршена „двојка“

msp-admin

Следниот iPad Pro со Mini-LED дисплеј може да дојде во март

Влатко Зорба