СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple претстави нова верзија на Apple Watch и iPad (ВИДЕО)

Apple денеска ја претстави Apple Watch Series 6, производ кој има побрз процесор и нови сензори за следење на здравјето и активностите на луѓето, како и Apple Watch SE, поевтин модел чија почетна цена е 279 долари. Извршниот директор Тим Кук рече дека компанијата, исто така, ќе понуди ажурирање на својата опрема за iPad, како дел од денешното лансирање на производот.

Apple традиционално ги претставува новите iPhone-и во септември, но проблемите со производството влијаеа на „паметните“ телефони да бидат претставени на друг настан, веројатно следниот месец.

Apple Watch Series 6 има побрз процесор и нови функции, како што е следење на нивото на кислород во крвта, вклучувајќи опции во сина и црвена боја.

Компанијата започнува серија здравствени студии за да утврди дали долгорочното следење на кислородот во крвта може да помогне при болести како што е астмата, како и дали промените во нивото може да укажат на нешто што е поврзано со грип или појава на коронавирус. Исто така, вклучува следење на промените во висината.

Apple исто така додава функција „Семејно поставување“ што им овозможува на луѓето да користат iPhone телефони за поставување мобилни уреди на нивните деца или возрасни роднини.

Компанијата ќе продолжи да ја продава Apple Watch Series 3 за 199 долари, додека почетната цена на новиот производ на Apple Watch SE ќе биде 279 долари.

Единствено што новиот производ нема да има е адаптер, но компанијата рекламира производи кои не се штетни за околината.

Новите модели ќе бидат достапни за нарачка денес, а испораката ќе започне следниот петок.

Apple исто така ја ажурираше својата iPad линија со нови модели, вклучително и нова верзија на моделот од осмата генерација со многу моќен процесор A12.

Новиот iPad Air има пет бои и 10,9-инчен екран, со сензор за допир интегриран во горното копче.

Поврзани вести

Microsoft го укинува Internet Explorer во 2021 година

msp-admin

HTC промовираше нов блокчејн смартфон

msp-admin

Google имаат тајно оружје на секој Android уред со кое ја следат и остануваат еден чекор пред конкуренцијата

msp-admin