СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Чистење на Твитер: Отстранети илјадници сметки со владина пропаганда, најмногу од Србија

Твитер денеска отстрани илјадници сметки од Србија, Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија за постапување по владини директиви или за промовирање на провладина содржина.

Твитер и другите социјални мрежи се под притисок да ги отстранат сите дезинформации и говор на омраза од нивните платформи, а тој е зголемен и поради неодамнешната пандемија на коронавирус, која исто така се злоупотребува.

Твитер соопшти дека ги отстранил сметките затоа што тие ги прекршиле политиките на платформата и биле намерно создадени за да ја поткопаат јавната расправа. Меѓу нив, има вкупно 8.558 сметки што ја промовираат српската владејачка партија и нејзиниот лидер, Александар Вучиќ.

2541 сметка е отсранета што се поврзува со египетскиот весник „Ел Фагр“ поради создавање лажни сметки што создавале пораки кои ги критикуваат Иран, Катар и Турција.

„Информациите што ги добивме однадвор укажуваат дека сметките ги следеле упатствата на египетската влада“, соопшти Твитер.

Компанијата отстрани 3.104 измамнички сметки што беа создадени под единствена ИП-адреса во Хондурас од владин службеник за споделување на претседателски содржини.

Истрагата што следеше по извештајот на веб-страницата за истражување Bellingcat, резултираше во отстранување на 795 сметки поврзани со индонезиска информативна операција насочена кон движењето за независност на провинцијата Западна Папуа.

Твитер, исто така, отстрани 5.350 сметки на Саудиска Арабија кои работат од Саудиска Арабија, Египет и Обединетите Арапски Емирати, чија содржина го фали саудиското раководство, но ги критикув операциите на Катар и Турците во Јемен.

Поврзани вести

Креаторите на Fortnite поднесоа тужба против Apple во Европа

Влатко Зорба

Колку е (не)безбеден интернетот?

msp-admin

Nvidia пушти чип за „копање“ Ethereum

Влатко Зорба